Скелетот кој пред неколку месеци бил пронајден во центарот на Англија му припаѓа на кралот Ричард трети, соопштија денес експертите од Универзитетот Лестер
-На основа на ДНК анализа, експертите од Универзитетот утврдија дека скелетот ископан во септември минатата година, му припаѓа на кралот Ричард трети, кој загинал во 1485 година-изјави шефот на одделението за археолошки истражувања, Ричард Бакли.
Универзитетот објави фотографија на скелетот, а археологот Џо Еплби истакна дека скелетот е во добра состојба.
Тимот археолози од Универзитетот, во септември соопштија дека коските се пронајдени на местото каде во 15 век била Црквата на сивите фратари во Лестер, околу 160 километри северно од Лондон. На тоа место, сега има паркинг.
Наодите поради кои се верува дека станува збор за англискиот крал, се неправилности во кичмата, и повреда на черепот, за кои се верува дека кралот ги добил во битката кај Босфорт во 1485 година кога и го загубил животот.
Со неговата смрт, во англиската историја завршува ерата на династијата Јорк, која тогаш беше заменета со династијата Тјудор.
Скелетот, кој во септември минатата година е пронајден во централна Англија, припаѓа на англискиот крал Ричард III, соопштија експертите од универзитетот Лестер.
Шефот на оделот за археолошки истражувања, Ричард Бакли, рече дека според ДНК тестови е утврдено дека скелетот е на Ричард III, кој починал во 1485 година.
Ова ќе биде нова ера за Ричард III. Сигурно ќе поттикне повеќе интерес. Се надевам дека луѓето поотворено ќе гледаат на Ричард III, рече Линда Пиџон, од Друштвото кое ги проучива животите на сите историски личности.
Универзитетот Лестер објави фотографија од скелетот, а археологот Џо Еплби изјавил дека скелетот е во добра состојба. Фактите поради кои се верува дека е во прашање англиски крал од династијата Јорк се неправилностите на кичмата и повредата на черепот, за која се верува дека му е нанесена на кралот во битката кај Босфорт во 1485 година кога починал.
Со неговата смрт завршува ерата на династијата Јорк, а почнува ерата на династијата Тјудор.