Наместени 380 меча во 15 земји, меѓу кои натпревари од ЛШ, од квалификации за СП и за ЕП, ќарувани биле милиони евра од облози, а организатор била мафија од Азија.
Огромна афера со местење фудбалски резултати е разоткриена вчера од страна на европската полиција Еуропол. Полицијата во Хаг, Холандија, информира дека криминална мрежа наместила над 380 меча, меѓу кои има мечеви од Лигата на шампионите и од квалификациите за Светското првенство.
има 680 сомнителни мечеви, од кои 380 се во Европа. Освен мечевите од ЛШ и од квалификациите за СП, во Европа има мечеви под истрага и од европски квалификации, како и неколку мечеви од врвни фудбалски лиги на Стариот континент.
Наводно, во Европа криминалците ставале облози до 16 милиони евра вкупно, а ќариле над 8 милиони евра вкупно.