Хакерите ве гледаат: 50 милиони камери од компјутери хакирани


Новите безбедносни истражувања покажале дека 40 до 50 милиони мрежни уреди, можат да бидат пробиени од страна на хакерите и контролирани од далечина, преку ранливи производи, како што се апарати, принтери рутери и др.

761px-Webcam000c1Со украдените лични уреди како на пример камерата, хакерите, лесно можат да го видат секој потег на сопственикот на уредот и да ја нарушат приватноста на уште милиони други корисници.
Интернет рутерите кои користат протокол наречен „Универзален Плаг и Плеј“ (UPnP), им овозможува на мрежа поврзани уреди, како што се комјутери и печатари, да бидат полесно хакирани, а новите истражувања од страна на безбедносната фирма Rapid 7, покажале дека ова откритие лесно може да биде злоупотребено од страна на хакерите.
Над 50 милиони уникатни уреди и околу 6900 производи се ранливи на софтверски грешки.

Добавувачите како „Cisco Linksys“, „Belkin“, „D-Link“, и „Netgear“, произведуваат рутери кои ги прават самите уреди осетливи на софтверски грешки. Најмалку 23 милиони видови на уреди кои можат мрежно да се поврзат, можат да бидат искористени од страна на хакерите и трајно да се онеспособат, додека други можат да бидат привремено онеспособени.

surveillance security cameraБез оглед на видот на „firewalls“, користењето на ваквите уреди можат да бидат лесна мета за хакерите, кои лесно можат да ги искористат и злоупотребат вашите лични информации.

Rapid7 препорачува корисниците на Интернет да ги проверат своите рутери за UPnP способностите и да ги оневозможат функциите со кои можат да ги заштитат своите уреди, од тоа да бидат нападнати од хакери.

Доколку интернет корисниците не преземат чекори за да ја обезбедат сигурноста на своите мрежи, десетици милиони може да се изложат на ризик да нивните информации бидат украдени, да бидат надгледувани преку нивните веб камери, или пак нивните уреди да бидат уништени.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1