Голема бура во светот на фудбалот и воопшто во целиот спорт, кренаа информациите кои ги објави Европската полициска служба (Европол). Тие дојдоа до различни сознанија. Дека биле наместени дури и мечевите од Лига Шампиони, од кои најсомнителен бил натпреварот меѓу Ливерпул – Дебрецин.
Во повеќето случаи се споменуваат спортските кладилници како посредници во местенките. Тоа од една страна е доста чудно, затоа што е познато дека светските кладилници, имаат свои посебни тимови, кои ги следат настаните и „шушкањата“, за наместени натпревари, па тие мечеви со причина ги блокираат во својот систем и на нив, никој не може да се обложува.
Ретко кога се случило да бидат блокирани мечеви од ЛШ, ЛЕ, или некои од четирите најсилни лиги (Англија, Шпанија, Италија, Германија), затоа што ретко се наоѓаат случаи на наместени натпревари на вакви мечеви, но очигледно големо внимание мора да се посвети на тие натпревари.
Најголема закана се мечевите во пониските лиги или натпреварите во послабите котирани земји (Турција, Норвешка, Шведска, Хрватска…) Спортските кладилници најмногу ги блокираат натпреварите од ваквите лиги, затоа што имаат дојава, но токму на мечевите од ваквите лиги, кладилниците можат најмногу да профитираат. Еве како.
Постојат два главни начини:
1. Во случаите кога на одреден натпревар постои уплата на голем број на тикети и добар број на луѓе чекаат исплата на само тој еден натпревар. Ако мине тој еден хипотетички натпревар по планираното, загубата на кладилниците може да биде огромна (во милиони).
Кога би се оградиле да спречат енормен губиток, кладилниите можат уплатените пари да ги понудат на фаворизираната екипа, или судија, тренер, за во тој хипотетички меч, една од екипите загуби.
На пример ако на натпреварот победи фаворизираната екипа, кладилницита ќе биде во губиток од околу 10 милиони евра, па наместо тоа, кладилницата, два милиони им ги поклонува на фаворизираната екипа да го загуби мечот и тогаш кладилницата ќе биде во плус од осум милиони евра.
2. Постои начин кој има подлабока подготовка. На одреден потенцијален меч меѓу фаворизирана и аутсајдерска екипа, наместо квотата на фаворитот да биде мала, (на пример 1,15, или 1,20) се случува таканаречена подарок ковата од (1,50 или 1,70) и обложувачите вложуваат голема сума на пари на ваквите натпревари. Кладилниците пред мечот можат да понудат големи пари на потенцијалните екипи и така повторно фаворитот да го загуби мечот, а парите да завршат во џебот на фудбалерите, тренерите, судијата и кладилниците.
Мечевите кои најчесто можат да бидат вплеткани во местенките се натпревари кои се играаат во неделата во периодот од 15 и 19 часот, поради тоа што најголем процент на луѓе тогаш ја чекаат исплатата на парите на своите тикети.