И многу Ц витамин не чини – ризик е за камен во бубрег


Мажите кои секој ден земаат витамин C, двојно го зголемуваат ризикот да се заболат од камен во бубрег. Ваквата ужасна состојба, секојдневно е во пораст, а шведски истражувачи говорат дека токму C витаминот е директно одговорен за истата.
article-2273729-175C0481000005DC-746_468x453Истражувањето во Велика Британија покажало дека ваквата состојба влијае на 12% кај мажите и 4% кај жените.
„Веќе од поодамна се сомневаме дека високите дози на витамин C можат да го зголемат ризикот од камења во бубрег“, вели водечкиот истражувач Лаура Томас од Институтот Каролинска во Стокхлом. Тоа е затоа што некои сегменти од витаминот C се излачуваат во урината, а дел од клучните компоненти завршуваат во камењата во бубрезите.
Во ваквата студија биле тестирани повеќе од 22,000 средовечни мажи и деца постари од 11 години.
Сегашната анализа вклучува 907 мажи кои велат дека редовно конзумирале витамин C и повеќе од 22,000 кои не користеле додатоци во исхраната.

Шведските додатоци, како оние во кои биле земени во студијата, обично содржеле по 1,000 мииграми на витамин C по таблета.

limon1

Поголемиот дел од витаминот C кои се продаваат во Велика Британија, содржат или 500 или 1000 милиграми.
Чаша свежо исцеден сок од портокал содржи околу 120 милиграми.

Кај 3,4% од испитаниците кој што користеле витамин C, се покажало дека страдаат од камен во бубрег, за разлика од 1,8% од оние кои што не користеле. Истражувачите велат дека не постојат јасни бенефиции за земањето на високите дози на витаминот C и луѓето кои претходно биле заболени од камења во бубрег, би требало да размислат двапати пред да земаат дополнителни додатоци.
Наодите сепак не велат дека треба да се престане со конзумација на витаминот C преку овошјето и зеленчукот, бидејќи антиоксидансот е важен за коските и мускулите и недостаток од истиот може да предизвика болест.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1