Тие најчесто ги познаваат децата кои сексуално ги злоупотребуваат, односно обично станува збор за сосед или семеен пријател. Некои педофили, пак, одбираат деца кои случајно ги сретнале.
Тие обично ги следат до местото каде најчесто престојуваат, како игралишта и училишни дворови и на сите начини се обидуваат да им се приближат, а во тоа, за жал, успеваат.
На прв поглед, не може да се препознае педофилот, истакнуваат психијатрите. За околината тоа се незабележителни луѓе, кои се однесуваат многу добро, така што никогаш не би помислиле што се крие зад таа маска. Тоа се обично добри граѓани, па годините на живот и образование немаат одлучувачка улога. Педофилот, најчесто е познато лице, од околината, семејството, некој во кого детето има доверба.
КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ ПЕДОФИЛОТ
- често се во брак или во врска
- не се секогаш туѓинци, често се членови на семејството, семејни пријатели или соседи
- добро манипулираат и вешто заведуваат
- сакаат да угодуваат
- искажуваат знаци на ароганција
- ако се мажи, жените ги третираат како објект
- користат различни видови порнографија во дебатите сакаат да ги рационализираат и да ги оправдуваат злоделата
- вешти се во надмудрувања
- сакаат да им помагаат на другите за да и се приближат на жртвата
- користат стресни ситуации во кои луѓето се ранливи за да му се приближат на потенцијалниот плен
ЗАЕДНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗЛОСТАВУВАЧИТЕ НА ДЕЦА
- педофилите се екстремно љубезни, пријателски настроени, луѓе кои лесно ги засакуваме
- педофилите на својата жртва најчесто и приоѓаат преку семејството, училиштето, црквата, спортовите или хобијата
- педофилите се како професионални проневерувачи. Тие се стручњаци во добивање на доверба кај децата и нивните семејства.
Повеќе инфо на – мајкаидете.мк