Руската полиција во Санкт Петерсбург привела околу 300 муслимани од неколку земји, осомничени поради тоа што би можеле да претставуваат терористичка закана.
„Најмалку 270 луѓе, вклучувајќи и државјани на Узбекистан, Таџикистан, Азербејџан, како и граѓани од Северен Кавказ, еден Египјанец и еден Авганистанец, се приведени и испрашани за нивната евентуална вмешаност во терорисички активности“, се наведува во соопштението во полицијата.
Федералната безбедносна служба и полиција, извела заедничка операција, на местото Апрасин двор, каде што муслиманите работат и се молат.
Властите не соопштиле дали некои од приведените подоцна се пуштени на слобода, но имагриционите служби велат дека барем 10 од нив ќе бидат депортирани.
Еден од приведените, 25 годишниот Мурат Сарабашев од кавкаската република Кабардино-Балкарија е осомничен дека на интернет поставил текстови со екстремистички содржини и видео снимки со терористички напад, соопштиле истражителите.