Градоначалникот на Рио де Жанеиро го поздрави Момо, кралот на карневалот и му го предаде клучот на градот. Со тоа Момо стана задолжен за градот во наредните четири денови додека трае карневалот.
– Изјавувам дека карневалот во Рио де Жанеиро е службено отворен –рекол колумбискиот фудбалер Милтон Родригез кој оваа година ја доби приликата да биде Момо.
Милтон е „крал Момо“ веќе петта година по ред. Оваа титула, која секоја година мора да ја освои во тесна конкуренција, му носи награда од 10.000 долари.
Со него во друштво биле и кралицата на карневалот како и двете принцези кои се избираат секоја година. Градските власти очекуваат присуство на повеќе од 900.000 домашни и странски туристи. За безбедноста на посетителите се ангажирани 14.500 полицајци
Погледнете дел од лудилото.