Многу гледале филмови: Стивен Сегал ќе ги учи училиштата како да тепаат ,,пукачи,,


Самопрокламираните „најцврсти американски шерифи“ ги здружуваат силите со глумецот Стивен Сегал, во обука на волонтерскиот полициски одред кои ги штити школите во областа Феникс, на сојузната американска држава Аризона.


gty_joe_arpaio_steven_segal_jt_130209_wblogОкружниот шериф Марикоп Џо Арпаио, објави контроверзен план по убиствата кои се случија во декември 2012 година во школото во Конектикат.
Канцеларијата на шерифот соопштила дека, Сегал, глумец познат по улогите во филмовите „Нико – Над законот – и Под опсада“, ќе обучува, во тактиката на борба без оружје и други техники, во кои ќе се ослони на своето искуство со боречките вештини.
Демократскиот лидер на малцинството во парламентот во Аризона, Чад Кембел, го нарече овој план смешен.
„Тој од ова парави пародија. Зар филмскиот глумец ќе обучува луѓе да ги штитат школите“, изјавил Кембел.
Претседателот на друштвото за „Граѓани за подобра Ариозона“, Ренди Параз, изјави дека е тажно што шерифот, кој во земјата е славен по својот цврст став во врска со илегалната имиграција, ги користи убиствата во Конектикат за да привлече внимание кон себе.

317883-steven-seagal02-ap-foto-misha-japaridzeВо јануари се испратени патроли во речиси 59 школи. Шерифот оваа недела објави дека му се потребни повеќе членови и повика 1000 граѓани да се пријават како волонтери.
„Волонтерите носат униформи и возат патролни коли, а поедини по обуката добиле овластување да носат оружје. Тие нема да влегуваат во школите освен ако не приметат опасност, но ќе патролираат оклу зградата“, изјавил Арпарио.
Тој додаде дека постојат и други значајни луѓе кои се приклучија на волонтерскиот полициски одред кој има повеќе од 3000 членови. Меѓу нив е зведата „Хулк“ Лу Феринго и глумецот Питер Лупус ѕвездата од серијата „Невозможна мисија“.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1