Бензините поскапуваат за два, а дизелот за 0,5 денари


Малопродажните цени на бензините од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, а на дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

benzin4Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 85,50 денари за литар.

Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава за 71,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 60,50 денари за литар.

За 0,404 денари се зголемува цената и на мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 42,928 денари.

Одлуката за корекција на цените Регулаторната комисија за енергетика ја образложува со зголемената цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели за 3,46%, како и со понискиот курс на денарот во однос на доларот за 1,16%

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1