Пејачот Елвир Мекиќ е на листата на сведоци на адвокатот на осомничените за петкратното убиство кај Смилковското езеро во скопско Радишани. Тој еден ден пред да се случи велигденскиот масакр, снимаше спот на истата локација, пренесува Канал 5 телевизија.
Адвокатот Насер Рауфи најави голем број сведоци и докази. Според него, најголем дел од сведоците ќе го потврдат алибито на обвинетите, но ќе има и сведоци кои критичниот ден биле во реонот на Смилковци.
Како што пренесува Канал 5, Рауфи ќе го бара и пејачот Елвир Мекиќ, кој тој ден на обиколницата во близна на Смилковското Езеро снимаше спот. Доколку е потребно ќе бара да се разгледа и снимениот видео материјал.
– Тој ден е сниман дури и спот од еден наш естраден уметник, Елвир Мекиќ. Во тек на доказна постапка ќе се воспостави дека на лице место тој ден било многу фреквентно и ние со овие свидетели ќе докажеме дека отсуствувале сите овие обвинети за овој грозоморен чин. Мислам дека од страна на судот ќе ни биде удоволено бидејќи се работи за сериозно обвинение. Но, и покрај тие вербални докази и сведоци, располагаме и со други докази за кои во овој момент не би сакал да дадам податоци – изјави Рауфи за Канал5.