Пожар во центарот на Струга, едно лице затруено од чадот


Пожар избил утрово во семејна куќа во Струга при што едно лице, на возраст од околу 45 години настрадало и е пренесено на хируршкото одделение во Опшатата болница.

pozarna500Огнот избувнал околу девет часот во поткровјето на објектот на улицата „Пролетерски бригади“ во центарот на градот. Веднаш интервенирала струшката противпожарна единица која успеала да ги изгасне пламените јазици.

По гаснењето на пожарот, пожарникарите забележале дека има човек во внатрешноста на куќата, кој бил изваден и пренесен во болницата.

– Пациентот има труење со гас. Тој е контактибилен и се сеќава на случката, но се уште е рано да се каже дали е во животна опасност. Задржан е на натамошно лекување на нашето одделение, вели доктор Владо Кочоски, хирург во Општата болница во Струга.

Во моментов се врши увид на местото на немилиот настан, по што ќе бидат соопштени причините за пожарот, како и материјалната штета.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1