Баба од 76 год. главен дилер на дрога во Белград


Седумдесетишестгодишната старица Д.М. од Нов Белград е уапсена поради сомневање дека продавала дрогаСтарицата дрогата ја мерела, пакувала и продавала во својот стан во Нов Белград, а откриена е кога инспекторите на белградската полиција и упаднале во станот за да го уапсат нејзинот внук Н.М. познат како нарко дилер.

news_107725Полицијата верува дека старицата хероинот го набавувала од нејзиниот внук, го мешала пакувала и го продавата на сите дилери од тој крај.

-На шкафот покрај креветот стоеше вага за мерење на наркотици. Неколку чекори понатаму, на полицата се гледаше пакетот со пари, а под креветот се гледаа кутиите со дрога. Помисливме дека старицата нема никаква врска со внукот и неговите „матни“ работи, и дека само се исплаши и побегна во станот кога виде дека нападнавме во станот, но тогаш викна : „Признавам, му помагав! Ако го апсите него, апсете ме и мене !“ – раскажува шокираниот полицаец.

Веднаш штом им ставија лисици на внукот и бабата и ги спроведоа до станицата, чуварите на законот слушнаа многу интересна приказна за „семејниот бизнис“.

-Излезе дека во работата со дрога бабата била главна! Внукот ги набавувал наркотиците, а таа ги мешала, мерела и пакувала. Во нивниот стан се собирале сите новобелградски дилери, кои исклучиво таа ги служела! Меѓу другото, ги чувала парите и се грижела внукот да не ги потроши – вели добро упатен извор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1