Се самоубила на роденденот – оставила список кого не сака на погребот


Младата девојка скокнала од мост на својот 22 роденден. Неколку часа пред трагедијата, нејзината пријателка ја критикувала на Фејсбук.

news_107601„Тие кои постојано ги обвинуваат другите за тоа што им се случува, треба да се вратат чекор наназад и подобро да ја согледаат ситуацијата. Најчесто согледуваат  дека другите не се проблем, туку тие самите“.

Во торбата која Ешли ја оставила на мостот е пронајден список на пет личности кои ја правеле несреќна и кои не ги сака на својот погреб.

Засега не се знае дали на листата е спомената пријателката, но се спомнува млaдо момче за кое таа пишува дека тој ќе си го добие тоа што го заслужил.

136043802811Медиумите пренесуваат дека Ешли имала проблеми и порано и веќе еднаш претходно пробала да се самоубие.

Во нејзината торба се пронајдени и лекови кои се препишуваат на личности кои имаат пореметување на вниманието, кои се хиперактивни и кои имаат напади на паника.

Ешли работела во модната индустрија, за еден дизајнер на накит. Нејзините колеги од работа се изненадени  од оваа трагедија и велат дека таа секогаш била насмеана на работа.

Dailymail

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1