Скандалот со коњско месо во Европската унија се прошири и на Германија, каде во синџир на супермаркети „Реал“ во лазањите наместо јунешко, откриено е коњско месо, јавуваат германските медиуми, додавајќи дека сега и други супермаркети, како „Едеке“, ги проверуваат своите производи.
Весникот „Билд“ наведува дека главното прашање е дали и колку коњското месо може да биде опасно за човековата исхрана и тука, според весникот, одговорот може да биде вознемирувачки, доколку животните добивале лек со фенилбутазон, допинг средство за тркачки коњи.
Тоа средство може дури и да има и смртно дејство по човекот, го пренесува „Билд“ мислењето на експертите, но и наведува дека во нормални ситуации конзумирањето на коњско месо не може да биде проблематично.