Универзална сала ќе се урне до темел и одново ќе се гради


Универзална сала ќе биде урната до темел, за потоа да се изгради нов објект. Нејзината реконструкција е неминовна по 47 години функционирање. Ова беше констатирано на денешната трибина „Стратегија за развој на Универзална сала за периодот 2013-2016 година“, на која говореа претставници од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје.

univerzalnaКако што рече директората на Универзална сала, Вера Бошковска, обврската за реконструкција на салата ја превзема Владата. Од моментот кога ќе бидат одобрени средствата додека почне изградбата ќе поминат 6 месеци, бидејќи е потребно време за подготовки и за адаптација.

„Универзална сала наскоро треба да се реконструира, за што е потребно да се урне 70-80 отсто од објектот и да останат само темелите и бетонот. Средствата што Универзална сала ги обезбедува од самофинасирање, од издавањето на салата и од своите активности не се доволни за одржување и функционирање на салата. Цените на услугите за користење на Универзална сала се високи, па затоа е потребна поголема соработка со волонтери“, беше речено меѓу другото на трибината

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1