Влегол во затвор како маж – излегол како жена


Ребека Хилтон била Роберт Хилтон кога бил осуден на доживотен затвор во 1992 година поради убиство. Тоа беше година кога Џон Мејџор ги доби изборите за градоначалник, мобилните телефони биле со големина на цигла, а интернетот бил нешто повеќе од шепот.
zena zatvorРетко кој затвореник отслужувал доживотна казна, а на крајот да зборува за животот во затворот и неговите искуства. Но, Ребека имала уникатна перспектива за живтот, откако поминала и низ машкиот и низ женскиот затвор, во својот 21 годишен престој, период кога направила и операција за промена на полот. Таа две недели по нејзиното ослободување, поканила новинар од весникот „The Independent“, за да му ги прераскаже искуствата и впечатоците минати во затворите.
Операцијата која се случила преку ноќ ја направила во 2011 година, но продолжила да ја извршува казната во машки затвор.

Понекогаш и било дозволено да носи шминка, а понекогаш не. Вели дека машкиот затвор бил премногу суров, некогаш поминала со боксови во лицето и никој ништо не превземал ништо околку таа работа. Таа била сведок на голем број на тепачки па дури и убиства. Забележала како еден затвореник му го сече грлото на негов цимер. Но и покрај големиот број на инциденти таа ќе се сеќава на добрите стари времиња, затоа што повќето од таму се грижеле еден за друг.

Вели дека сега и е потешко отколку во периодот кога била во затвор. Во затовр Ребека не чуствувала страв и била научена на одреден живот. Полесно наоѓала работа, имало оброци, точно се знаело денот за перење на облеката, деновите кога можеш да добиеш телефонски повици и многу други работи. Надвор вели дека и е потешко.
„Мојот офицер за условна казна, мора да биде известен доколку започнам нова врска. Многу потшеко можам да ја добијам работата за која аплицирам. Надвор немам многу пријатели, а немам ниту пари. Многу е потешко него кога си внатре. Која е поентата да бидеш слободен? Радо би се вратила назад“, вели Ребека.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1