Баксузен греб греб: Добила 20,000 евра, по што животот и станал пекол


Продавачката на детска облека, С.Н. (56), од Баново Брдо, гребела наградна гребка и успеала да добие 2,250,000 динари. Но, наместо да ужива во својата среќа, таа била приморана да ги изгаси сите телефони што ги имала и едноставно да исчезне. 

Dobitnica-srece-foto-Milena-Djordjevic-10Имено продавачката вели дека на 4 февруари ја купила гребката „Дијаманти среќа“, дошла до својата тезга и почнала да гребе. Веќе во првата колона жената ја видела добивката. Со неверување отишла до најблиската трафика на „Народна лотарија“ за да ја потврди, затоа што како што вели, не носела во тој момент очила.
Иако на почетокот се израдувала, оваа награда од 20,000 евра почнала да и носи проблеми.

Како што обично се случува, штом се слушнало за добивката, С.Н. почнале да и се јавуваат луѓе кои не ги видела со децении, гладни и болни.
Животот ми се претвори во пекол! Морав да ги изгаснам сите телефони, а морав на некои од нив да ги сменам и броевите. Одеднаш ми се јавија голем број на „пријатели“, со кои не сум се слушнала со години. За гледање да не ни спомнувам. Веќе преку глава ми е од сите повици. Ретко звонат за да ми честитаат искрено, а сите нешто бараат. Како ли би изгледало да добиев милион евра?“, се прашува С.Н.
Dobitnica-srece-foto-Milena-Djordjevic-4Оваа добитничка на лотарија вели дека барањата и молбите достигнуваат и до неколку илјади евра.
„Ми се јави пријател кој не се сети ниту еднаш да ме слушне во последните шест години. Ме праша дали би можела да му дадам 2500 евра. Вели му требале за лек“, вели С.Н. и дополнува дека сега одеднаш сите нејзини пријатели се претставуваат како многу болни.

Таа планира да се затскрие за некое време, додека ситуацијата не се смири, затоа што притисокот и за добивка од 20,000 евра е преголем.
Покрај семејството, искрено се израдувале, единствено комшиите од соседните тезги.
„Сите ни е драго, затоа што таа никогаш не рекла дека нема. И кога немала, говорела дека има доволно“, вели Љиља, продавачката од соседната тезга.
За искреноста на овие луѓе зборува и фактот што тие се ретко кои од оваа добивка не барале ништо, никаква услуга или позајмица.
„Частев само вино и кафе. Тие не ми дозволија повеќе“, вели С.Н. и додава дека единствено што барале овие луѓе е да им избере сречка, затоа што како што велат имала среќна рака.
С.Н. вели дека со парите планира да купи локал и така да си обезбеди пристојна продавница. До тогаш ќе работи на пазар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1