За прв пат во историјата е изведен вселенски дует во кој учестуваа канадскиот астронаут Крис Хедфилд, од меѓународната вселенска станица и Ед Робертсон, пејач во бенд.
„I.S.S“ (Is somebody Singing) беше првата песна напишана и снимена во вселената. Двојката заедно ја напишале, а потоа ја снимиле преку сателит во студиото во Торонто. Гласот и музиката на Крис Хедсвилд, патувале низ вселената со брзина од 28,000 километри на час. На земјата во студиото ги чекале Вексфорд Гликс, хорот од истоимената музичка школа како и Ед Робертсон.
„Ние сме добри другари веќе подолго време и сакавме да направиме нешто забавно“, изјави Робертс за „CBC Muic“, стриминг сервис, кој стои зад овој необичен проект.
Тој инаку ја напишал и првата строфа и рефрен и ја испратил во Меѓународната свемирска станица, каде што Хедфилд го додал својот дел.
„По еден ден, ми ја испрати и другата строфа. Многу ми се допадна и му реков – Човеку па ти можеш да направиш што ќе посакаш“.
Хедфилд сега планира да сними цел албум додека е во вселената.