10 дена семејството мислело дека е мртов, мислеле дека се удавил. А тој жив и здрав им заѕвонел на врата по 10 дена.
Велешанец лежел во болница а семејството го пријавило за исчезнат и го пребарувал кејот на Вардар мислејќи дека се удавил. Вистинска драма преживеало семејството Балов од Велес а приказната ја објавува денешниот број на весникот Вест.
Балов заминал на лекарски преглед во Скопје, но наместо рутинска контрола, тој бил задржан десетина дена во болница. Никому не јавил дека заминува на лекар, па откако не се вратил дома, семејството во паника го пријавило за исчезнат.
Десет дена траела агонијата на велешкото семејство. Го пребарувале кејот на Вардар стравувајќи дека 78 годишниот страствен рибар паднал во реката и се удавил. Незнаејќи што да направат, дури и преку локалните медиуми објавиле дека Петре Балов е исчезнат. Но тој си лежел во болница во Скопје и не знаел ништо. По десет дена им заѕвонел на врата.
Целата приказна прочитајте ја во најновото издание на весникот Вест