Црвенковски: Се уште има можност за решение до денот на изборите


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски смета дека доколку има политичка волја може да се најде решение за политичката криза до одржувањето на локалните избори.

branko-crvenkovski1– Ако има политичка волја постојат можности за решение се до денот на одржување на локалните избори, изјави Црвенковски во интервју за Дојче Веле додавајќи дека досега не видел таква политичка волја кај власта.

Најави дека опозицијата е цврсто решена да го продолжи отпорот, кој во наредниот период ќе се интензивира и ќе добива нови форми.

За одлуката за бојкот на локалните избори, вели дека била една од најтешките во историјата на партијата.

– Свесни сме за последиците што таа ги носи и за партијата и за државата. Но, уште повеќе сме свесни за одговорноста што би ја презеле ако со своите постапки станеме соучесници на власта, изјави Црвенковски за Дојче Веле

ИМА ВИДЕО СНИМКА – ЦРВЕНКОВСКИ СНИМЕН КАКО СЕ КАРА СО ЈАКИМОВСКИ
БРАНКО Е КРИВ АКО ДОБИЕМЕ НЕГАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ЕУ – ГРУЕВСКИ
ЕКСКЛУЗИВНО – ЖЕСТОКА КАВГА МЕЃУ ЦРВЕНКОВСКИ И ЈАКИМОВСКИ – ЕВЕ КАКО СТЕВЧО МУ ГО СВРТЕ ГРБОТ НА БРАНКО
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1