Властите на градот Ласити на грчкиот остров Крит прогласија отцепување од Грција и најави дека ќе воведат пасошка контрола во влез на градската територија.
Одлуката за независност на Ласити, кој се наоѓа во источниот дел на Крит, стапува во сила на 21 февруари.
Како што е објаснето ваквата одлука е донесена поради незадоволството од мерките на Владата во Атина во сферата на здравството, образованието и услугите.
Повеќе детали за карактерот и структурата на „новата држава“ се очекува да бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
Izvor – MTV