Демолирана салата Борис Трајковски – Вандализмот дело на симпатизери на ДПА


Како што пишува весникот „Вест“, искршени се вц шољи, чешми, столчиња, ишарани се ѕидовите а искршен е и прозор од базенот Младост

boris trajkovski salaСимпатизери на Демократската партија на Албанците ја демолирале салата Борис Трајковски во Скопје, каде викендов имаа промоција на скопските кандидати за градоначалници, објавува „Вест“. Како што пишува весникот, искршени се вц шољи, чешми, столчиња, ишарани се ѕидовите а искршен е и прозор од базенот Младост.
Информацијата за Вест ја потврдил и Ратко Капушевски, директор на СЦ Борис Трајковски, кој за Вест потврдил дека има голема штета и дека е направен записник кој го потпишал и пратеникот и кандидат на ДПА Беким Фазлиу. Тој за Вест не сакал да ги коментира случувањата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1