Луѓето онакви какви што се денес, настанале во срцето на Србија, тврдат научниците. Имено тврдат дека парчето од череп на хоминид, старо пола милион години, е пронајдено во пештерата Мала Баланица во Сичевачката клисура е најстаро пронајдено досега. Фосилот е стар меѓу 379,000 и 535,000 години.
Додека во западниот дел на Европа во тоа време во праисторијата живееле хорди на хомо еректус (непосредни предци на нашиот вид), кој подоцна се развиле во неандерталци. Србија била населена од еректуси од кои настанале хомо сапиенс. Истражувањето го водел Вилијам Ринк од Универзитетот Мекмастер во Канада.
„Нашата студија ја потврдува важноста на овој дел од Европа како „порта на контингентот“ и како една од трите области на која живееле луѓето притоа барајќи спас од ледената доба. Ова е изразито важен фосил, поради тоа што периодот е критичен за еволуција типична за човековата морфологија и однесување“, вели Мирјана Роксандовиќ професор од катедрата при универзитетот за археологија во Белград.