Жена влегла синоќа во филијала на банка во шпанскиот град Алмасора, по што се полеала со запалива течност и се запалила
Властите изјавија дека жената била одведена со хеликоптер во болница во Валенсија. Изгорениците зафатиле половина од нејзиното тело.
Не е јасно што била причината за само запалувањето.
Шпанија е во финансиска криза, а банките се обвинувани за изгонување на луѓето од нивните станови поради неможност да ги исплаќаат хипотеките и за неколку самоубиства поврзани со тоа во последните неколку месеци.