Болно сиромашно детенце: „Тато немој да плачеш ако умрам, умреа и мама и дада“


Болест и сиромаштија го следат Елведин Деронјиќ од населбата Паланка кај Брчко. Овој мал борец е роден без еден бубрег, а другиот му откажува. Покрај тоа, лекарите му дијагностицирале тумор во стомакот, кој денес треба да му биде отстранет.

303420_printscrren_fКолку е несреќна судбината на ова момче говори и тоа што неговата мајка починала неколку месеци откако родила мртво бебе. Освен што е тажен поради смртта на мајка си, детето се бори за својот живот.

Живее со татко си во куќа која е во лоши услови. Таткото, инаку е неспособен за работа, а малкуте пари ги заработува работејќи како пастир. Сето тоа не е доволно за лекувањето на Елведин. Единствениот начин да се спаси е трансплантација на бубрег за што се потребни најмалку 15.000 евра, кои таткото на Елведин ги нема.

elvedinПоради тоа хуманистите од Брчко покренаа акција за помош.

Сите надежи некако ги гледаме во трансплантацијата на бубрег, која би требало да се изведе во Србија. И покрај тешката болест и животот кој го живее со татко си, Елведин е неверојатно весело дете.

-Тато, немој да плачеш ако умрам, умреа и мама и дада…Ова се зборовите на малиот Елведин, кој неговиот татко ги пренесе.

Извор – Денешен

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1