– Засега непознато машко лице пополаднево околу 14:30 часот се јавило во Центарот за управување со кризи и пријавило дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ во Скопје има подметнато бомба.
Како што информираат од МВР, Центарот веднаш ја известил полицијата, по што е известена единицата за антитероризам која направи проверка во училиштето по што е утврдено дека дојавата била лажна. За безбедност на учениците тие по дојавата се ослободени од часовите.
Се работи и на утврдување на идентитетот на лицето и на целосно расчистување на случајот.
Фото – Курир