Спектакулерен грабеж: Пресретнале авион и украле дијаманти од 50 милиони евра (Видео)


Спектакуларен грабеж на дијаманти се случил во понеделникот вечерта на аеродромската писта, Завентем во Брисел. Неидентификувани разбојници упаднале со две возила на пистата, се доближиле до авионот на швајцарската авио компанија, Swiss, и под закана со оружје го ограбиле авионот кој пренесувал дијаманти, злато и накит.

screnshott-pljacke
20190219-kombe1За време на грабежот во Брисел немало повредени, не било пукано со оружјето, но украдениот плен кој од Брисел бил испратен до компанијата Brink’s Diamond & Jewelry во Цирих имал огромна вредност.

Грабежот се случил за три минути. Портпаролот на аеродромот изјавил дека нашол дупка во оградата преку која разбојниците се пробиле со возилата, еден еден автомобил и едно комбе.

Грабежот се случил во понеделникот околу 20 часот, а кратко потоа во едно предградие од другата страна на Брисел било пронајдено комбето кое го користиле разбојниците, запалено

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1