„УЧК на чело на АРМ“ е насловена фотографијата на која се актуелниот министер за одбрана Талат Џафери и неговиот партиски колега довчерашниот прв човек во одбрана Фатмир Бесими, објавена на официјалната фејсбук страница на Демократската унија за интеграција.
Фотографијата е од денешното свечено примопредавање на функцијата во Министерството за одбрана.
Вчера припадници на бранителите предводени од лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов, се обидоа на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да им сугерираат да не го поддржат предлогот на премиерот Талат Џафери да биде министер за одбрана. Со самото назначување на командант Форина, како што го викаат бранителите Џафери, за прв човек на армијата, само се ставало „сол на рана“.
Извор – Плус инфо