„Република“ одлучи да не го објавува видеото од средбата Црвенковски – Јакимовски


Редакцискиот колегиум на „Република“ реши да не го објавува  видео-материјалот од саботната средба во Скопје Сити Мол помеѓу Бранко Црвенковски, и кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, која што вчера ја потврди лидерот на СДСМ.

Иако република објави дека вечерва ќе го објави видеото сепак одлуката е да не се објавува, а причина за ваквата одлука се можните правни последици од објавување на видео кое е снимено тајно. Правните застапници на „Република“ советуваа дека постои можност за кривична одговорност поради објавување на снимки кои се направени спротивно на законите.

stevce11Според член 152 од Кривичниот закон на Република Македонија: тој  којшто неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој којшто таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Поради тоа видеото денес нема да биде објавено. Сепак Република објави фотографии од снимката како Стевче Јакимовски го напушта трговскиот центар Сити Мол, а неколку секунди подоцна од трговскиот излегува и Драгиша Милетиќ, лидерот на Српската напредна странка, кој му го „позајми“ партискиот печат на Јакимовски за да се кандидира за градоначалник, спротивно на одлуката на неговата сега веќе екс матична партија, СДСМ.

Извор – Република 

ИМА ВИДЕО СНИМКА – ЦРВЕНКОВСКИ СНИМЕН КАКО СЕ КАРА СО ЈАКИМОВСКИ

stevce11

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1