Марина Воинова (24) со помош на рускиот „Street View“ барала улица во рускиот град Перм, а притоа нашла нешто на што сигурно не се надевала.Таа на фотографија на Интернет мапата го видела вереникот Александар во прегратка со поранешната девојка.
Кога му ја покажала фотографијата, Александар не се ни обидел да се оправда, па нивната долгогодишна врска прекинала.
„Во тој момент сфатив дека веќе не сакам да го видам, ниту да ја планирам иднината со него“, изјавила Воинова за новинарите кои веднаш провериле дали прељубникот има право да ја тужи компанијата „Yandex“ чии камери го снимиле.
„Присутноста на минувачите на фотографиите не е во спротивност со руските закони, но ако некој корисник сака одредена фотографија да се отстрани може да ни прати барање. Но, во три години работење имаше многу малку такви барања, луѓето вобичаено се среќни кога се гледаат на фотографиите“, објасниле од компанијата.