Украден часовникот на ТИТО вреден 300.000 долари


Јованка Броз, вдовицата на Јосип Броз Тито чијашто вила беше ограбена пред три дена, вели дека крадците го украле часовникот кој му припаѓал на Тито, вреден 300.000 долари од марката “Breitling”. Недостасува и скапа вазна за која се уште не се знае колку точно вреди.

Vila-Bor-Dedinje-Jovanka-Broz1Јованка не сакала ова да го потврди на полицијата, туку го кажала само на својот адвокат бидејќи не сакала да остане без драгоценестите кои и останале да ја потсетуваат на нејзиниот покоен сопруг.

Јованка на полицијата и кажа дека се украдени само пари и некои документи. А полицијата изјави дека таа на моменти губела меморија и не се сеќавала дали нешто недостасува или не.

Адвокатот на сопругата на Тито Бојан Павловиќ Шариќ сепак вели дека таа му признала дека е украден и часовникот на Тито и вели Јованка има одлична меморија, прикаските на полицијата се глупост..

-Ми призна, ми рече дека крадците со себе однеле пари, важни документи и златен накит. Исто така и часовникот “Breitling”. Таа има меморија на која можат да и позавидат многу помлади, вели адвокатот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1