Тројцата сомнителни кандидати не биле кодоши – биле следени


Комисијата за верификација на фактите денеска утврди дека тројцата кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници за претстојните локални избори, не биле соработници на тајните служби.

glustracija-2Од Државниот архив во чија документација биле спомнати имињата на тројцата кандидати констатирано е дека двајца биле следени од службите под сомнение за албански сепаратизам и национализам, додека кај третиот кандидат имало совпаѓање на податоците со друго лице.

Тројцата кандидати, како што информираат од Комисијата за лустарција, се на листи на различни полтички партии.

– Комисијата ја исполни обврската и во предвидениот рок ги испрати до Управата за безбедност и контраразузнавање, Државениот архив, Агенцијата за разузнавање и Воената служба за разузнавање при Министерството за одбрана проверените кандидатски листи, односно на 6.339 лица-кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници, изјави за МИА портпаролот на Комисијата за верификација на фактите, Предраг Димитровски.

Ова е првпат Комисијата за лустрација да биде директно вклучена во изборниот процес.

– На минатите локални избори кандидатите поднесуваа изјави заверени на нотар дека не биле соработници на тајните служби и ги доставуваа во ДИК со оглед дека тогаш Комисијата за лустрација не беше формирана и не функционираше, додаде Димитровски.

Овој изборен циклус, како што рече, покажа дека Комисијата за верификација на фактите целосно ја исполни својата законска обврска во предвидениот рок. – Дали и колку известувања ќе дојдат од четирите надлежни институции ќе видиме следниве два-три дена, меѓутоа членовите на Комисијата се тука да одлучуваат по сите известувања евентуално што ќе бидат добиени, истакна портпаролот Димитровски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1