Германците со позитивен одговор за ослободување на Јохан, се чека на Хашкиот трибунал


Позитивен е одговорот на германските судски власти на барањето на одбраната на Јохан Тарчуловски за негово предвремено ослободување. Сега е потребен позитивниот одговор на судскиот совет на Судот за воени злосторства во поранешна Југославија.

johan tarculovskiФормално, казната на Тарчуловски истекува во 2017 година, но германските затворски власти, каде Јохан во моментов ја издржува затворската казна, се согласиле казната да му биде преименувана во условна казна. Ова значи дека Јохан може веќе во март да се врати во Македонија.

Тарчуловски шест години од 12-годишната казна беше во затвор во Шевенинген, а веќе две години е во затворот во Диц во Германија. По одлежување на 2/3 од казната Тарчуловски го користи правото за условно одлежување на казната.

Јохан Тарчуловски е единствениот граѓанин на Македонија кој е осуден од Хашкиот трибунал за конфликтот во 2001 година.

Извор – МКД.МК

ЌЕРКИЧКАТА НА ЈОХАН – САКАМ ТАТО ВЕДНАШ ДА СЕ ВРАТИ ДОМА (ВИДЕО)
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1