Бункер на нацистите под најпрометната железничка во Париз (Фото)


naci-bunker3Под една од најпрометните железнички станици во Париз, се крие бункер со површина од 120 квадратни метри, кои почнале да го градат Французите, а го завршиле Германците за време на четригодишната окупација за време на Втората Светска војна.

1000 патници кои секојдневно поминуваат низ париската железничка станица „Gar d Iest“ не знаат дека под нивните нозе, меѓу перонот 2 и 3, се наоѓа стар бетонски бункер од Втората Светска Војна. Ова е една од најфреквентните станици во Париз.

naci-bunker1 naci-bunker2
naci-bunker4Бункерот сега е во сопственост на француската Национална железничка компанија.

Компанијата го одржува во добра состојба, иако не е отворена за јавноста.

Просторот може да прими до седумнаесет луѓе во случај на опасност, има просторија со генератори, па дури и телефонска централа.

Поголемата првобитна опрема сеуште останала. Стариот намештај, креветите на расклопување и гас маските во случај на напад од бојните отрови, се на истото место на кое ги оставил германскиот окупатор. Постои и генератор на педали во случај на целосен престанок на струја.
Поради тоа што SNCF го држи бункерот под клуч, нема да може лично да прошетата низ бункерот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1