Страотна сообраќајна несреќа на патот Кичево – Едно лице загина, две лица се потешко повредени.
Во несреќата загина 22 годишниот Лиридон Емини кој бил сопатник во возилото „Мерцедес“ кое го возел 30 годишниот Д.М. од Кичево. Според информациите од полицијата, возилото удрило во електричен столб крај патот и се превртело.
Возачот и другиот сопатник биле повредени и пренесени во кичевската Болница. По укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.
ФОТО: Плусинфо