Во Штип запален мерцедес на гостин од Скопје


Изгоре автомобил на скопјанец кој дошол на гости во Штип. Немилиот настан се случил рано утринава, половина час по полноќ во градската населба Осми Ноември.

trafostanica pozarАвтомобилот марка „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 69-годишниот Д.Д., го забележале соседите на домаќините кај кои отседнал скопјанецот. Не помогнала мошне брзата интервенција на соседите да се спаси автомобилот, „мерцедесот“ е уништен.

Според првичните информации од полицијата, можен причинител за опожарување на возилото е натопена ткаенина со непозната запалива течност, фрлена низ претходно скршениот прозорец на една од вратите на „мерцедесот“. Со запалената ткаенина фрлена е и внатрешна автомобилска гума. Огнот потполно ја уништил внатрешноста на автомобилот.

Полицијата се уште ги утврдува причините за опожарувањето и во исто време трага по непознатиот или непознати сторители на ова недело.

Извор – Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1