Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја донесе конечната одлука за намалување на цената на топлинската енергија во Скопје.
Според предлог – одлуката потрошувачите од Скопје Север ќе добијат намалување на цената за околу 17 отсто, додека жителите на другите делови од градот, корисници на Балкан Енерџи Груп ќе имаат намалување од 16 отсто.
Намалувањето ќе се применува од први март.
Извор – Нет Прес