Филе до Груевски и Црвенковски: Најдете компромисно решение за земјата да се врати на евро-атлантскиот пат


 Еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, како што вчера најави МИА, денеска испрати одделни писма до премиерот на Република Македонија Никола Груевски и до лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во однос на актуелната ситуација во земјата. Ова на официјалната прес-конференција во Европската комисија го потврди неговиот портпарол Петер Стано, јавува дописникот на МИА од Брисел.

CRVENKOVSKI_GRUEVSKIСпоред Стано, во писмата до двајцата лидери Филе ја изразува својата длабока загриженост за недостатокот од прогрес во ставањето на крај на политичкиот застој во земјата.

– Комесарот Филе порачува дека решение на кризата треба да се најде во Скопје. Тој ги повикува двајцата лидери да продолжат со напорите за наоѓање на решение за сегашната криза, врз основа на политички дијалог и компромис и ги повика брзо да стигнат до компромис за да се врати земјата на евро-атлантскиот пат, а кој во моментов е загрозен, ја пренесе пораката на еврокомесарот неговиот гласноговорник.

Стано додаде и уште една порака од Филе што не се наоѓа во писмото до Груевски и Црвенковски, а која се однесува на ситуацијата во Македонија.

– Филе мисли дека е важно да се истакна следната работа, а тоа е дека најважно за нас како Европска комисија и Европска унија е оти ние стоиме на страната на македонскиот народ и зад луѓето од оваа земја. Не смее да има сомнеж во тоа! Ние сме подготвени да се ангажираме во наоѓање на политичко решение, заедно со засегнатите страни, што би било добро за земјата, покажувајќи подготвеност од нив да се ангажираат, што во моментов не е случај оти не гледаме волја на двете страни, истакна Стано.

Портпаролот на еврокомесарот за проширување вели дека Филе дава до знаење дека ЕУ не се откажува од Македонија.

ivanov_file– Комесарот е подготвен да отпатува таму во секое време кога вистинските услови за негова посета ќе бидат креирани од страна на политичарите во земјата, дециден е комисискиот гласноговорник.

На прашањето на дописникот на МИА дали во писмата до Груевски и Црвенковски, комесарот Филе дава конкретен предлог за решавање на кризата, со оглед на тоа што измина рокот за учество на партијата на Црвенковски на локалните избори и дали случајно комесарот предлага одложување на истите, неговиот портпарол ќе рече: – „Во писмото до Груевски и Црвенковски има еден дел што ќе го подвлечам во овој контекст како одговор на прашањето. Тоа е дека комесарот Филе истакнува оти решение мора да се најде во Скопје!“

На прашање на бугарски новинар дали ваквата остра порака, каде се посочува дека евроатлантскиот пат на Макеоднија е под закана, комесарот Филе употребил во друг случај таков „јазик“ за друга земја-кандидат за членство во Унијата, Стано потенцира дека за цело време од процесот на проширување, Европската комисија повторува дека секоја земја е специфична.

– Ние правиме споредби, оти прогресот во процесот на пристапување или недостигот на прогрес се оценува одделно. Писмото на Филе е специфично за политичките лидери на оваа земја и тоа не може да се спореди со друга земја, рече Стано.

Оваа порака на Европската комисија и конкретно на комесарот Филе е прва по одлуката на партијата на Црвенковски дефинитивно да одлучи да ги бојкотира локалните избори и да ги депонира оставките на своите пратеници во Собранието, со што се продлабочи кризата во Република Македонија. Претходно, дузина европски пратеници испратија пораки со осуда на потегот на СДСМ, потенцирајќи дека со тоа партијата ја ставила земјата во заложништво за свои партиски цели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1