Прилепчанец дома чувал цел арсенал оружје – уапсен е (Видео)


Триесет и девет годишен прилепчанец е уапсен во рамки на полициската акција „Хераклеа“ поради недозволено тргување со оружје.

oruzje2-Обезбедени се докази дека пријавениот на заинтересирано лице-купувач во ноември минатата година, му продал автоматска пушка калибар 7,62 мм за износ од 800 евра.

Исто така утврдено е дека тој нудел за продажба разновидно огнено оружје (автоматски пушки, пиштоли, бомби, муниција и др.), по различни цени во зависност од видот на заинтересирани купувачи. соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил претрес во неговиот дом и во импровизирана работилница во која вршел поправка на огнено оружје, пти што пронајдена била поголема количина оружје и делови од огнено оружје и тоа:

5 ловни пушки, два ловни карабини, една малокалибарска пушка, 4 револвери, една воздушна пушка, еден гасен, еден воздушен пиштол и поголема количина на делови од огнено оружје (затварачи и цевки за ловен карабин, дрвен кундак и др.). а при претрес во неговиот дом е пронајдена поголема количина на муниција со различен вид и калибар од кои дел маневарска муниција, чаури, зрна од  куршуми и др.

oruzje1Одземеното огнено оружје, делови од оружје и муниција ќе бидат предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР, заради понатамошно вештачење.

Воедно од досегашните проверки е утврдено дека 7 парчиња оружје се нелегални, а за останатото оружје во тек се проверки со цел утврдување дали истото е донесено за поправка и утврдување на неговото потекло и легалност.

Кривичната пријава за недозволена трговија со оружје од страна на Истражниот судија е проширена за уште едно 38 годишно лице од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека е инволвиран во недозволена трговија со оружје и на истиот му е одредена мерка притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1