Вашингтон Пост објавува дека развиен е прототип на робот, кој автоматски ќе ги детектира лагите на политичарите во нивните говори. Роботот доби звучно име а и мото – „Вистината и само вистината“ е мотото на роботот „Труттелер“ (кажувач на вистината).
Технологијата е едноставна – роботот ги „слуша“ изјавите на политичарите, го трансформира звукот во текст и кажаното од политичарот го споредува со податоци, претходно собрани од новинари или од интернет. Па штом ќе каже нешто лажно, на екранот излегува напишано со црвена боја „Лага“.
Роботот уште се развива, има и грешки а проблем е и што актуелните случувања за кои на интернет нема многу информации роботот не може да ги оцени како лага или вистина.
Дизајнерите се надеваат дека ќе го испитаат роботот во текот на летото за време на изборите за гувернер на Вирџинија, а практичната примена во мобилна варијанта предвидуваат за претседателските избори во 2016 година.
Па значи „Труттелер“ секогаш ќе можете да си го имате во џеб и да не им верувате слепо на говорите на политичарите туку да си проверите 🙂