Оружен грабеж во Капиштец


grabezВооружени разбојници го ограбиле „Кам маркет“ во скопската населба Капиштец. Грабежот, според полицијата е извршен вчера вечер околу 21.30 часот кога разбојниците почнале да им се закануваат на вработените, па од касите украле околу 45.000 денари и избегале. Грабежот се случил во Кам маркет на улицата „Народен Фронт“.

Веднаш по грабежот, полицијата започнала голема потрага по вооружените разбојници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1