Француската полиција денеска уапси една жена под сомнение дека ги избодела до смрт своите три деца во нивната семејна куќа во близина на Париз, пренесува МИА
Телата на децата, две момчиња и едно девојче, биле пронајдени од нивниот татко, кога утрово се вратил од работа по ноќна смена. Мајката не била во домот.
Кога пристигнале екипите на брза помош ја утврдиле смртта на две од децата, додека третото било се уште живо, но набрзо им подлегнало на повредите.
Мајката, која има околу 40 години, била откриена попладнево во еден стан во Париз.