Норвешка ТВ 12 часа во живо пренесувала оган од камин


 Не се жалете на репризите на нашите телевизии. Норвешка телевизија 12 часа емитувала маратон како гори дрво во камин. Во програмот биле вклучени и експерти кој коментирале и давале совети за сечење дрва, палење на каминот и така натака.

Kamin-vatraМаратонот го емитувала телевизијата NRK под името “Hel Ved”, а уредникот Rune Moeklebust рекол дека програмот бил едукативен.

Зборувавме за сите аспекти на греење на дрва а имавмеи музика и поезија, изјавил тој.

Програмот бил инспириран од бестселерот за греење на дрва на Ларс Митинг “Hel Ved” или во превод ,,јак карактер,,

,, луѓето во Норвешка имаат спиритуална врска со оганот, тој е причина зошто сме овде, да нема дрва би се смрзнале,, се правдал уредникот.

Ова не е прв пат. Во 2011 емитуваа повеќе од 130 часа крстарење долж норвешкото приморје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1