Тајлер: Го ишмркав половина Перу – за дрога дадов 6 милиони долари


Фронтменот на групата „Аеросмит“, Стивен Тајлер (65) во едно интервју откри дека потрошил околу 6 милиони долари на дрога.

StevenTaylor-APПејачот и татко на актерката Лив Тајлер гостуваше во австралиската емисија „60 minutes“ во која призна дека потрошил меѓу пет и шест милиони долари на кокаин.

„Може да се каже дека го ишмркав пола Перу, но тоа не е важно“, рекол Тајлер.

Познатиот рокер бил „чист“ повеќе од 20 години се додека не станал зависник од лекови во 2009-та година, иако подоцна успешно се излечил од зависноста.

Тајлер станал зависник од дроги на крајот од 70-тите и продолжил да конзумира нелегални супстанци се до 1986-та кога почнал да се лечи.

Експлузивното интервју на Стивен Тајлер ќе биде емитувано на 24-ти февруари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1