19-годишниот Мануел Едмундо Гузман Џуниор, е обвинет дека на лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук, поставувал слики од згодни манекенки, за да го измами и убие Еди Лиал, професионален боксер. Судењето е во завршна фаза и наскоро се очекува пресудата.
Боксерот договорил состанок со “топ-моделот”, по име Ребека Сантијаго, која ја запознал на Фесјбук, меѓутоа, на договореното место го чекал Гузман, кој кон него испукал неколку смртоносни истрели. починал на самото место.
Полицијата од Риверсајд во Калифорнија навела дека Гузман го отворил лажниот профил кога имал 17 години, користејќи фотографии од топ модели кои ги наоѓал на интернет. Во описот пишувало дека станува збор за осамена, 21-годишна девојка, која сака домашни и клубски забави и бара мажи да и пружат љубов.
Во истрагата која траела една година, полицајците откриле дека лажниот профил е направен од компјутерот на Гузман. Обвинет е за убиство од прв степен, и ако биде осуден, го очекува доживотна казна затвор без можност за помилување.