Ученик му фрлил канта полна измет на професор врз глава


Непознат сторител фрлил канта со свински измет на професор во средното политехничко училиште во Нов Белград. Инцидентот се случил во Блокот 37 во близина на школската зграда.

skolo srbijaНапаѓачот се доближил до професорот, додека овој седел во својот автомобил. Му чукнал на прозорот, а кога несреќниот наставник го отворил, овој ја истурил целата канта врз него.
Негов колега од истото училиште, кој побара да биде анонимен, изјави дека ситуацијата за безбедноста на неговите колеги станува се позагрижувачка.
„Мојот колега за време на нападот, од шок не знаел што го снашло. Штом дошол при себе, тој се соблекол ги фрлил работите и си заминал дома само по маица.

Тој изјавил дека напаѓачот носел капуљача, но  имал брада“, вели колегата на нападнатиот професор.
Жителите на блокот 37 велат дека оваа населба е позната како проблематична.

bucket_head1 kofaНајпрво слушнав дека студентите истуриле фекалии по професорот, но подоцна дознав ека се работи за некој постар човек. Сигурно го чекал во заседа, но никој не знае зошто го направил тоа“, вели еден од станарите од околните згради.
Во средното политехничко школо, Душан Миловановиќ бил убеден дека во позадина на овој напад е спорот кој неговата установа го води со основното училиште Ѓуро Стругар, со кој ја делат истата зграда.
„Ситуацијата е сериозна и сите во училиштето се шокирани и згрозени. Можам само да замислам како се чуствува колегата“, вели Миловановиќ, истакнувајќи дека по овој настан е загрижен за безбедноста на учениците.
„Тој хулиган можел да нападне кој било.

Мене или моите колеги, или пак учениците. Инцидентот е пријавен во полиција и се верува дека напаѓачот ќе биде откриен и уапсен. Очекувам полицијата да ја испита и открие позадината на овој напад“, вели Миловановиќ.
Ова според него е втор инцидент во Екол Политехник кој го истражува полицијата.
„Во пресрет на Свети Сава некој ја префарбал таблата со името на нашето училиште. И за овој случај е известена полицијата. Училишниот полицаец кој се грижи за безбедноста на децата на училиштето, собра доволно докази и мислам дека лицата кои ја префарбале таблата ќе бидат идентификувани“, вели Миловановиќ.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1