Последен поздрав до големиот актер – Почина актерот Бранко Ѓорчев


По долго боледување синоќа почина актерот Бранко Ѓорчев, директор на Драмскиот театар-Скопје.

Branko-GjorcevЃорчев е роден 1962 година во Неготино, во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, во класата на проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски театар-Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги, во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.

Во 2006 година беше избран за директор на Националната установа Драмски театар, а во 2010 реизбран на фунцијата.

Во ноември минатата година Ѓорчев ја доби државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година, за долгогодишни остварувања во културата.

Погребот ќе биде извршен утре во 14 часот на Градските гробишта Бутел. Претходно, во 11 часот, Драмскиот театар-Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на Бранко Ѓорчев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1