12 хемикали кои ги има во секоја козметика – еве што ставате на лице


Проверете дали некои од овие хемикалии се наведени на етикетата на козметиката која ја користите. Доколку се, употребувате козметика која е потенцијално опасна за вашето здравје, но и за убавина. Контраефектите од средствата за разубавување полни со хемикалии се нагрдување на вашата кожа, лице, алергии, менувања на бојата на кожата итн. 
Toxic Cosmetics

Лосиони за тело имаат 32 хемикалии во себе, парфемите дури 250, креми за потемнување соржат 22 хемикалии, сенка за очи 26, пудра 24, кармин 33 – точно што содржи колку и кои хемикалии на фотографијата на крајот на постот. Еве листа на најчесто употребуваните хемикалии во козметиката.

1. Антибактерии

Прекумерната употреба на антибактериски средства, може да попречи во борбата против болестите кои се предизвикувани од бактерии како што Е.coli и Samonella enterica. Широко се користат во сапуни, во пасти за заби и дезодоранси, а се откриени и во мајчиното млеко. Во една неодамнешна студија се покажало дека се меша во тестостероната активност во клетките.

2. Катран од камен јаглен

Катранот од камен јаглен е познат по канецерогеноста, а се користи како активна состојка во шампоните против првут и кремите наменети за против чешање. Јаглен катранот исто така, утврдено е дека го има во пастите за заби, како и во течностите за миење на устата.

3. Diethanolamine (DEA)

За DEA се смета дека би може да допринесе за нарушување на хормоните, а некои студии покажале дека содржи и канцирогени елемнти, како и дека го осиромашува телото со холин, елемент кој е потребен за да се развие мозокот.

tumblr_kzgfrsF5iH1qzm0ay

4. 1,4 Dioxane

1,4 Dioxane е познат како животински канцероген и можен човечки канцероген кој може да се појави во одделни продукти кои содржат натриум сулфат и состојки кои содржат „PEG“, „xynol“, „ceteareth“, и „oleth“.
Производителите обично се обидуваат целосно да го отстранат „Dioxane“ од производите, но на крајот сепак мал дел останува во продуктите. Во едно истражување во 2007 година во кампања за безбедна козметика се покажало дека кај децата останале траги од Dioxane десетти делови од милион, или нешто помалку.

5. Формалдехид

Фордалмехидот има долга листа на негативни здраствени ефекти, вклучувајќи го и имунолошкиот систем, токсичноста, респираторната иритација како и ракот кај луѓето. Но, сепак може да се пронајде кај козметичките продукти за бебиња, лаковите, лепакот, боите за коса и други производи.

6. Fragrance

Супстанца која што може да има последици по вашата тежина, како и развојниот процес, а се препорачува да се избегнуваат мирисните масла каде што е утврдено дека ја има.

kozmetika sminka

7. Олово и жива

Невротоксичното олово кој се смета за природен загадувач, може да се појави во производи како што е пастата за заби, а истражувањата покажале дека истиот се наоѓа во некои производи за боја на косата.


8. Наночестички

Наночестичките можат да продрат во кожата и да ги оштетат мозочните клетки, а истите се појавуваат во се поголем број на козметички производи и креми за сонце. Најпроблематични се цинк оксид и титаниум диоксид, кои се користат во кремите за сончање.

9. Parabens

Имаат слаби естрогенски ефекти, а се појавуваат во широк спекатр на тоалети. Една студија покажала дека супстанцата „Parabens“ ги оштетила тестисите на глушец, по што истата била забранета од страна на ЕУ, да се користи во козметиката.

10. Нафтени дестилати

Можните човечки канцерогени, нафтени дестилати се забранети или ограничени за употреба на козметиката во ЕУ, но се најдени во неколку американски брендови на лакови, мирисливи правови и други производи.

safe_cosmetics

11. P-Phenylenediamine

Обично се наоѓаат во фарбите за коса, а ваквата хемикалија би можела да го оштети нервниот систем, да предизвика иритација на белите дробови и тешки алергиски ракции.

12. Hydroquinone

Истражувањата покажале дека го има на кожата кај човекот, а за истиот се смета дека е невротоксичен, и алергетичен. Ограничени докази велат дека може да предизвика рак во лабораториските животни.

otrovna kozmetika sminka

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1