Маестра Арко Ирис е 28 годишна Вуду свештеничка од Аргентина која со помош на различни ритуали повикува духови, одлободува луѓе од црна магија, чисти лоша енергија.
Таа од неодамна е во Србија, зошто станала српска снајка.
Таа објаснува дека знае да боцка кукли, тоа е неминовно, но избегнува да го користи бидејќи дала заклетва дека ќе се бави само со бело вуду и ќе им помага на луѓето иако ја знае и црната магија и вуду боцкањето.
,, ВУДУ не е само боцкање на куклички и црна магија, тоа е цела религија со чија помош и со ритуалите се довикуваат боговите и духовите да им помогнат на луѓето да се ослободат од црна магија, лоша енергија и од духови. Тоа е сериозен процес и ако не го владеете може да биде многу опасен, предупредува свештеничката.
Тајните на Вуду почнала да ги учи уште на 13 години од нејзината баба. Во вуду ништо не е џабе па така освен што ја исцрпувале до бесознание за ритуалите таа ако повика дух мора да им принесе дарови.
,, може да им се даде пари, пченка, мед, цвеќе, чаеви… на лошите духови пак им се дарува крв, вуду куклички и коски. За одреден проблем се довикува одреден тип на дух и морам за секоја прилика да носам специјална облека. Додека духот е во мене јас сум во транс, вели таа.
Објаснува дека се користат коски од животни, птици најчесто како и пердуви и слично.
Признава дека секогаш прво се јавуваат лоши духови зошто се желни за внимание и ако не го владееш ритуалот како свештеник може да бидеш во опасност.
,, Не е шега сум видела како лош дух мои колеги навел на самоубиство, предизвикал смрт во семејството или слично,,
Таа тврди дека со еден допир и со гледање на карти може да каже веднаш дали некој е под влијание на лоша енергија или црна магија.
Таа тврди дека дури и Хитлер бил Вуду свештеник во негативна смисла – бидејќи ја владеел вуду магијата, но само црната.
За Балканот вели дека пати поради тоа што не си ги знае корените. Тука почуствував духови на погинати и тоа низ вековите, нивно најголемо незадоволство е што не се знае вистинската историја на вашите предци, но тоа ќе се промени набрзо, изјавила вуду свештеничката.
Таа својот сопруг Србин го запознала во Аргентина а љубовта ја натерала да се пресели во Србија. Сега и Балканот ќе има своја Вуду свештеничка.